Тоти ја враќа легендарната „десетка“ за Дибала

од Nikola Popovski
356 прегледи

Легендарниот фудбалер Франческо Тоти изјави дека со задоволство би му го предаде бројот десет на Пауло Дибала, доколку Аргентинецот заигра за Рома.

„Принцот од Рим“ се пензионираше во 2017 година, по што клубот го повлече дресот со број десет.

Дибала нема да го продолжи договорот со Јувентус и голем број клубови се обидуваат да го ангажираат.

Франческо Тоти изјави дека лично ќе разговара со аргентинскиот фудбалер и ќе се обиде да го убеди да го облече дресот на „волчицата“.

„Да беше до мене, веднаш би му го дал дресот со број 10 на Рома, но ќе треба да видиме дали ќе го прифати“, изјави Тоти за „Calciomercato“.

Тој го пофали и тренерот на клубот Жозе Мурињо, кој го одведе клубот до финалето на Лигата на конференциите.

„Секогаш би му давал на Мурињо чиста десетка. Навистина ми се допаѓа и како тренер и како личност. Би бил многу среќен да можам да работам со него како тренер. Кој знае, можеби ќе се вратам од пензија и ќе заиграм повторно“, порачал Тоти.

Слични содржини