Тоти не е целосно убеден во Јуриќ

од Nikola Popovski
42 прегледи

Хрватскиот стратег Иван Јуриќ (49) кон средината на септември ја презеде клупата на Рома, наследувајќи го Даниел Де Роси и во првите три средби оствари импресивен настап без пораз.

Под негово водство Рома во Серија А ги победи досега непоразениот Удинезе со 3:0 и Венеција со 2:1, додека во Лигата на Европа ремизираше со Атлетик Билбао 1:1.

Легендарниот Франческо Тоти, најголемиот играч во историјата на Рома, се осврна на стартот на Јуриќ во интервју за „Sky Sport Italia“.

„Да речеме дека почна добро со две победи и едно реми. Сите знаеме дека Рома е место на кое се бара повеќе, но се надевам дека така ќе продолжи во Серија А и во Европа“, изјавил Тоти, кој за Рома настапи на 785 натпревари, постигна 307 гола и имаше 207 асистенции во кариерата.

Рома моментално е деветта во Серија А со девет бодови, а во претстојното седмо коло ќе се соочи со Монца. Покрај тоа, се очекува да гостуваат и во Елфсборг во Шведска во рамките на второто коло од Лигата на Европа, непосредно пред репрезентативната пауза.

Слични содржини