Тоти: Попрво би извршил самоубиство отколку да ја напуштам Рома

од Stefanija Kuzmanovska
366 прегледи

Поранешниот капитен и функционер на Рома, Франческо Тоти, изјави дека попрво би извршил самоубиство отколку да ја напушти „волчицата“, и дека бил принуден да го напушти управниот одбор на клубот во 2019 година.

– Попрво би извршил самоубиство отколку да ја напуштам Рома. Замислував дека ќе останам засекогаш во Рома, а потоа тие ме доведоа во таква ситуација да донесам одлука што никогаш не би ја донел. Сега страдам надвор од клубот и никогаш не учествував во одлуките кога бев во него – изјави Тоти.

Великанот на италијанскиот фудбал го водепе овој разговор со неговиот поранешен колега од репрезентацијата, Боб Виери, а нему му рече и дека ситуацијата во римскиот клуб не е за пофалба.

– Рома е сè уште во рацете на странците, тренерот и спортскиот директор се странци … Би било многу поефикасно доколку во клубот има некој кој знае сè за Рома, тоа е она што недостасува во моментов – рече Тоти.

Тој се нарече себеси „последниот Мохиканец“ со фактот дека неговото враќање во Рома, во каква било улога, нема да биде можно сè додека естаблишментот е ист во клубот од Рим.

Слични содржини