Живата легенда на Рома, Франческо Тоти го пофали фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах, рангирајќи го меѓу најдобрите играчи во светот.
Двајцата беа соиграчи во тимот на „волчицата“ во изминатите две сезони, но Египќанецот ја продолжи кариерата во Англија, а Тоти стави крај на кариерата во последниот шампионатен натпревар за сезоната 2016/17 против тимот на Џенова.
„Во моментов, Салах игра на исклучително високо ниво и е еден од најдобрите во светот. Мислам дека е способен да игра уште посилно. Го знам добро. Мохамед е добар пријател и сака да се развива уште повеќе како фудбалер. Тој има сè што треба за да го направи тоа. Тренира и работи напорно. Секогаш ги слуша тренерите и тоа е причината да игра толку силно во моментов“, ја заврши Франческо Тоти изјавата пред официјалниот сајт на Ливъпрул.