266
Поранешниот капитен на Рома, Франческо Тоти може да се врати во клубот по промена на сопственоста.
Сегашниот сопственик Џејмс Палота, наводно, го финализирал договорот за продажба на клубот на бизнисменот Дан Фридкин.
„Ако ме побараат, ќе кренам слушалка и ќе разговарам. Никогаш не кажувај никогаш. Јас нема да го предадам клубот што ми даде толку многу“, рече Тоти, цитиран од „Ил Месаџеро“.
43-годишниот Тоти зазеде лидерска позиција во Рома по неговата кариера, но се повлече поради конфликтот со Палота.