Американската рок група “Тото” ќе го прослави 40-годишниот јубилеј во музичкиот бизнис со европска турнеја и сосема нов албум.
Формирана во Лос Анџелес во 1977 година, легендарната група минува низ бројни промени во составот, но успева да реализира 14 фантастични студиски албуми, од кои последниот издаден во март 2015 година.
Како што објавија од групата сепак, претстои уште едно засилување кон дискографијата. Станува збор за компилацијата на “најдобрите хитови”, која сепак ќе содржи и бројни необјавени до сега песни или ремастерирани нивни класици.
Покрај тоа, по повод празникот “Тото” најавија и турнеја, која ќе опфати 40 концерти, обединети под називот “40 круга околу сонцето”. “Турнејата по повод 40-годишниот јубилеј ќе биде навистина посебна за нас и за сите наши фанови”, вети вокалот Стив Лукатор.
Рокерите веќе ги најавија и градовите каде ќе се одржат големите музички спектакли. Првиот концерт е закажан за 19 февруари 2018 година во Хамбург, а последниот – за 8 април во Гласгоу. За жал, сепак меѓу концертните датуми нема ниту една на Балканот.