Toyota GR Supra GT4 100 Edition

од Vladimir Zorba

Toyota го најави супер реткиот модел GR Supra GT4 100 Edition кој ќе се произведува во само три примероци.

Со посебен модел, Toyota ја одбележува 100-тата испорака на тркачкиот автомобил Toyota Gazoo Racing Supra GT4. Ќе бидат произведени само три примероци, по еден за Азија, Северна Америка и Европа.

Компанијата направи нешто слично со моделот 40 Edition, кој исто така не беше хомологиран.

Автомобилот е придвижуван од 3,0-литарски турбо мотор со 6 цилиндри од GR Supra GT4 Evo, кој развива 444 КС. Доби голем број подобрувања, поголем отвор на хаубата, нови аеродинамични компоненти, издувен систем без придушувач, карбонски куќишта на страничните ретровизори и совозачко седиште.

Специјалниот модел е наменет за „колекционерите и пријателите на Toyota“, а секој од трите примероци чини 220.000 евра без вклучен данок.

Слични содржини