Лидерот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов, се огласи по изјавата од страна на премиерот Димитар Ковачевски дека се надева дека Трајанов нема да стане заложник на Апасиев.
„Во врска со нападите од премиерот Димитар Ковачевски, нагласувам дека во текот на вчерашниот ден гласав за повеќе закони и одлуки, но имаше паузи, при што присутното мнозинство пред да влезам во салата каде се одржуваше седницата го гласале и Договорот со ФРОНТЕКС, кој целосно го поддржувам.
Инаку, околу моето наводно заложништво кон Левица, тоа е ниско ниво на ‘комуникација’ и на ист начин можам да изјавам дека се надевам дека господинот Ковачевски не е и нема и понатаму да биде заложник на водството на ДУИ. Како и досега, немам намера никого да дискредитирам, но подготвен сум да учествувам во сите расправи поврзани со витални прашања битни за граѓаните и државата“, истакна Трајанов.