Трајановски: Не може да бидеме заложници на 40 автобуси на „баграта“ на Ленин

од Nikola Popovski
493 прегледи

Заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски денеска од говорницата на Градското собрание порача дека договорите со приватните превозници се склучувале на пет години, а градоначалничката Данела Арсовска успеала, според него, да ги потпише на две години со истите услови.

-Во првата година видовме дека нема никаква волја за соработка и унапредување на условите. Кого треба ние да платиме за да функционира јавниот превоз? Ние сме заложници на 40 автобуси на баграта на Ленин? Не ве разбирам кого застапувате? Имате режиски трошоци кои што покажуваат дека нашиот паушален трошок е половина милион евра месечно. Тие луѓе освен да побараат пари од Градот, ништо друго не ги интересира, рече Трајановски обраќајки се до советниците во Советот на Градот Скопје на денешната 21. седница.

Трајановски ги обвини советниците дека наместо да ги штитат интересите на јавното претпријатие, штитат приватни интереси.

Слични содржини