Трајановски за „баграта на Ленин“: Оние кои што го следеа целото мое обраќање, разбраа за кого се однесува погрдниот збор

од Nikola Popovski

Оние кои што го следеа целото мое обраќање, многу добро разбраа за кого се однесува погрдниот збор „баграта на Ленин“. Оние кои што не го следеа целото мое излагање и ги видоа оние монтирани исечоци што беа пуштени во етер и социјалните мрежи, тогаш тие што ја виделе оваа исечена и искасапена порака, на нив им се извинувам. Јас сум многу добро запознаен со јавниот превоз. Сето она што го споделив го мислам и сум детално запознаен со проблемот, рече синоќа заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски во дебатна емисија откако пред два дена од Градското собрание ги употреби зборовите „баграта на Ленин“.

Трајановски се дообјасни дека го кажал погрдниот термин за сите оние кои што наложувале да се прелее проблемот на улиците на градот и за гневот на граѓаните биде насочен кон Градот и градоначалничката Данела Арсовска.

Тој вели дека не е точно дека немал слух и се сретнал со Ленин Јовановски и со претставници на приватните превозници.

-Го знам системот. Намерата ми беше да покажам дека Градот Скопје повеќе од две децении има партнери во јавниот превоз кои што не се однесуваат така, кажа Трајановски во гостувањето на „Клик плус“.

Слични содржини