Трае потрагата по возачот и евентуално сопатниците од возилото што падна во Вардар

од Берта Китинска
160 прегледи

Продолжува специјалната акција за пребарување на теренот и водите на Вардар со цел да се пронајде возачот на голфот кој вчера пропадна во Вардар кај Тетово.

Службите во моментов немаат точни информации дали возачот бил сам и како се случил инцидентот. Во акцијата вклучени се и специјални екипи од страна на Министерството за внатрешни работи.

Од Центарот за управување со кризи доцна попладнето информираа дека повеќе тимови се вклучени во потрагата и дека водите ги пребаруваат нуркачи.

„Освен специјализирана екипа од МВР, шест припадници на ТППЕ Тетово и шестмина вработени во Општина Желино во претрагата се вклучени и специјален тим нуркачи од ДЗС Велес. Потрагата е во тек“, информираат од ЦУК.

Автомобилот вчера бил извлечен со помош на градежни машини.

Слични содржини