Четири лица загинаа во судир на два мали авиона за време на лет над Флорида.
Авионите се судриле вчера околу 14 часот и се урнаа во езерото Хартриџ во Винтер Хевен. Службите за итни случаи и спасувачите излегле на местото на настанот и пронашле еден авион на приближно шест метри под површината на езерото, додека другиот бил делумно потопен.
„Се судрија во воздух, двата авиона веднаш паднаа во вода. Спасувачите ги извлекле телата на четирите лица кои биле во авионите“, изјавил Стив Лестер од канцеларијата на шерифот на округот Полк, пренесува NBC News.
Полицијата го објави идентитетот на три од четирите жртви: Фејт Ајрин Бејкер (24), Захари Џин Мејс (19) и Рандал Елберт Крафорд. Се утврдува идентитетот на четвртото починато лице.
Да потсетиме, вчера два мали авиона се судрија недалеку од Рим во Италија. Во таа прилика загинаа двајцата пилоти.