Два хеликоптера на американската армија Black Hawk се урнаа за време на инцидент на обука во средата вечерта во округот Триг, Кентаки, соопштија тамошните власти.
Хеликоптерите Black Hawk од 101-та воздушна дивизија биле на „рутинска мисија за обука“ кога се урнале околу 22 часот по локално време.
#BREAKING up to nine people may have been killed" in crash of two U.S. Army Blackhawk helicopters during a training incident in #Kentucky #US #news https://t.co/cqrjNAASe8
— Anthony (@AnthonyWapow) March 30, 2023
Гувернерот Енди Бешеар од Кентаки рече дека добил „рани извештаи за пад на хеликоптери и дека се очекуваат жртви“.
„Државната полиција на Кентаки и Одделот за управување со вонредни состојби веднаш реагираа“, рече тој во соопштението.
„Ќе споделиме повеќе информации кога ќе станат достапни“, додаде Бешеар.
Според американските медиуми, неколку членови на екипажот загинале, но оваа информација се уште не е официјално потврдена.