Трагедија го потресе Балканот: Загина фудбалер во тешка сообраќајка

од Nikola Popovski
277 прегледи

Во тешка сообраќајна несреќа загина 33-годишниот фудбалер од Хрватска, Иван Кожул.

Како што јавија хрватските медиуми, несреќата кај Задар се случила во доцните ноќни часови меѓу петокот и саботата.

„Задарски лист“ објави дека Кожул во моментот на несреќата бил на совозачкото седиште.

Локалната полиција не соопшти повеќе детали, освен дека е спроведена истрага.

Во својата кариера, фудбалерот настапуваше за Галовац, Паг и многу други нисколигашки тимови.

Слични содржини