Трагедија и во Црна Гора: Македонска државјанка почина на плажа!

од Nikola Popovski
123 прегледи

Нова трагедија на туристичките места на Балканот, поврзана со лице од Македонија. Македонската државјанка С.Г. (80) од Битола, починала на плажата Свети Стефан во Црна Гора откако ѝ се слошило додека пливала во морето, јавуваат црногорските медиуми.

Овој трагичен настан го потврдила полицијата во Будва, која веднаш спровела истрага на лице место и го известила тамошното Вишо државно обвинителство.

Според информациите објавени од порталот „Вијести“, македонската државјанка била на одмор со своето семејство. Според наводите, С.Г. влегла во морето и се капела во плитките води кога одеднаш ѝ се слошило.

Екипата за итни случаи брзо пристигнала на местото на настанот, но за жал, и покрај сите напори, обидите за реанимација биле неуспешни.

Починатата жена, наводно, била долгогодишна пациентка со срцеви проблеми.

Овој случај уште еднаш потсетува на важноста на претпазливоста при престој во вода, особено за лицата со хронични здравствени проблеми.

За потсетување, вчера беше соопштено дека 75-годишна македонска државјанка била извлечена без знаци на живот на плажата Созополи во општина Неа Пропонтида, во близина на првиот крак на Халкидики, Грција. Веднаш ѝ била укажана прва помош од екипа на итната медицинска служба, по што била пренесена во болница, но лекарите констатирале смрт.

Трагедија во Грција: Почина македонска државјанка