Хрватскиот спорт беше погоден од една од најголемите трагедии во последно време, откако почина 19-годишната ракометарка Ема Грозница.
Таа информација ја објави нејзиниот клуб Трешњевка.
„Во длабока болка и тага објавуваме како нашата Ема Грозница почина вчера, по тешко и кратко боледување. Бог ги избира најубавите ангели за себе“, гласи прошталната порака што клубот ја објави на своите социјални мрежи.
Како што беше наведено понатаму, таа учествувала на маратон пред само десет дена, а исто така и женскиот ракометен клуб Брод од Славонски Брод се прости од неа:
„Нашата Ема, нашиот вирус, нè напушти. Секогаш насмеана и весела. Патувајќи секој викенд од Илок до Славонски Брод, таа покажа колку е голема и силна нејзината љубов кон ракометот. Искрено сочувство до семејството Грозница од тренерите, играчите и управата на ЖРК Брод“, се наведува во пораката на овој клуб.