Трагедија кај Рашче: Извлечени три тела од водите на Вардар

од Nikola Popovski
522 прегледи

Три женски лица загинаа при падот на автомобилот што вчера излета во реката Вардар, а се трага по четвртиот патник.

Несреќата на локалниот пат од Рашче кон Кондово и Сарај била пријавена во полиција во 16 часот. Возилото било извадено од Вардар и во него имало три тела, изјави синоќа директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Во извлекувањето на автомобилот била вклучена екипа на САЕ Тигар.

Петтиот патник бил петгодишно дете кое излетало од автомобилот пред тој да падне во реката. Од МВР соопштија дека детето било пронајдено од случајни минувачи кои го однеле на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, а оттаму е пренесено во Клиничкиот центар.

Потрагата по можно четврто исчезнато лице продолжува.

Слични содржини