332
Маж попладнево е пронајден без знаци на живот во Охридското Езеро во близина на автокампот „Ас“ кај Струга.
Според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, телото на 66-годишното лице било забележано од капачите на плажата и немало траги на насилство.
Увид на местото извршила полициска екипа во присуство на јавен обвинител и медицинки тим.