ТРАГЕДИЈА НА АЛПИТЕ: Двете жени замрзнаа на 4.000 метри надморска височина

од Stefanija Kuzmanovska

Две жени замрзнаа на Алпите на над 4.000 метри надморска височина во близина на границата со Италија и Швајцарија, соопштија спасувачите од регионот Аоста во северозападна Италија, пренесоа италијанските медиуми.

Мажот, кој бил со настрадaните жени, бил пренесен во швајцарска болница и му била дијагностицирана хипотермија и смрзнатини.

Тројцата биле на планинскиот масив Монте Роса, чиј највисок врв се наоѓа на повеќе од 4.630 метри надморска височина.

Тие се водеа како исчезнати, а спасувачите кои ги најдоа не успеаја да ги реанимираат двете жени.

Слични содржини