Трагедија се случила во близина на плажата Лагониси во Ситонија на средниот крак на грчкиот полуостров Халкидики кога татко го загубил животот обидувајќи се да го спаси својот осумгодишен син кој ветерот со душек го турнал кон отворено море.
Грчкиот весник „Прототема“ пишува дека денеска во 11.30 часот крајбрежната стража соопштила дека нејзини припадници од морето го извлекле телото на 48-годишен маж, кој се удавил.
Се зборува дека детето го спасил чамец кој случајно се нашол таму, но дека немало помош за неговиот татко, пренесува весникот.
Со возило на брза помош бил префрлен во болницата во градот Вула, но таму можеле само да констатираат смрт.