Трагедија на македонските патишта – почина возач на кој му се слошило додека возел

Повредена е и сопатничка откако возилото излетало од патот

од Nikola Popovski
223 прегледи Фото: Принтскрин

МВР информира дека вчера попладне околу 17:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат село Клечовце – село Шупљи Камен, на место викано „Кантон“, патничко моторно возило „даеву тико“ со кумановски регистарски, управувано од М.Д.(64) од Куманово, излетало од патот.

Лекар од Итна медицинска помош кај возачот М.Д. констатирал смрт, додека кај сопатничката Л.Д. (57) биле констатирани телесни повреди и таа е пренесена во Општа болница Куманово.

Според изјавата на сопатничката, на М.Д. му се слошило и изгубил свест пред да се случи несреќата, соопшти МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.