Трагедија од невидени размери: Во Појасот Газа загинаа 4.800 деца

од Stefanija Kuzmanovska

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека од 7 октомври, од почетокот на војната со Израел загинале 9.770 луѓе, од кои 4.800 се деца.

Во соопштението се наведува дека помеѓу жртвите има 2.550 жени.

Во Израел од почетокот на нападот на Хамас загинаа повеќе од 1.400 луѓе, а околу 240 се киднапирани и одведени во Појасот Газа.

Додека министерството за здравство на палестинската управа на окупираниот Западен Брег соопшти дека од 7 октомври досега се убиени 152 Палестинци, а 2.100 се повредени.

Слични содржини