2,1K
Утрово во Будва почина Матија Шаркиќ, голман на црногорската репрезентација.
Според информациите до кои дојде „Вијести“, на Шаркиќ му се слошило во станот во кој престојувал, по што следела смрт.
Шаркиќ неодамна ги воодушеви фудбалските фанови со брилијантните одбрани на пријателскиот натпревар против Белгија во Брисел.
Веста за неговата прерана смрт ја потресе фудбалската јавност, а многумина се простуваат од голманот кој остави длабока трага на теренот и надвор од него.