Трагедија: Репрезентативец на Еквадор почина на 23-годишна возраст

од Vladimir Zorba
14 прегледи

На 23-годишна возраст почина еквадорскиот фудбалер Марко Ангуло. Оваа јужноамериканска земја е обвиена во црно поради смртта на членот на ЛДУ Кито, кој 35 дена се бореше за живот.

Тој беше на интензивна нега повеќе од еден месец и имаше неколку операции во тој период, откако во октомври имаше сообраќајна несреќа во Кито.

Тогаш загинаа две лица, меѓу кои и фудбалерот Роберто Кабезас, а сега како последица на тоа почина Ангуло.

Тој беше еден од најголемите таленти, роден 2002 година и успеа да забележи три настапи за „А“ репрезентацијата на Еквадор.

Пред ЛДУ Кито, тој беше еден од клучните играчи на Индепендиенте дел Вале, со кој го освои Копа Либертадорес за играчи до 20 години.

Потоа играше кратко во МЛС за тимот на Синсинати, пред да се врати во својата татковина.

Слични содржини