Трагедија во Албанија: Се удави македонски државјанин!

од Nikola Popovski
40 прегледи

Албанската полиција соопшти дека 66-годишен македонски државјанин вчера го загубил животот во морето кај Драч, на плажата во близина на Каваја.

– Немилиот настан се случи во 19 часот кога 66-годишен жител на Македонија се удави во морските води. Според првичниот наод, странскиот турист доживеал срцев удар веднаш по влегување во вода, се наведува во полициското соопштение.

Откако го забележале давеникот, кон него веднаш се упатиле и други лица од плажата, интервенирала и итна помош, но доктор само констатирал смрт.

Екипа на полицијата и јавен обвинител вршат увид,  по што се очекува телото да биде дадено на обдукција.