Во Србија започна тридневна жалост поради невидената трагедија во белградското основно училиште кога 13-годишник уби девет и рани седум лица, а властите најавија заострување на контролата на оружјето, но и ограничување на содржината на Интернет за деца.
Сите убиени деца се родени во периодот од 2009 до 2011 година. Жртви се седум девојчиња и едно момче, меѓу кои и еден француски државјанин, потврди министерството за надворешни работи на таа земја.
„Две момчиња од болницата во Тиршова се пуштени дома, девојчето е критично. Друго повредено девојче и професорката ќе бидат оперирани“, изјави на прес-конференцијата Даница Грујичиќ, министерка за здравство.
Момчето темелно го планирало нападот долго време и го користело оружјето на својот татко. По психијатриски и токсиколошки прегледи било сместено на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади.