295
Деведесет и четиригодишен човек загинал во пожар, што избувнал вчера во помошна просторија од куќа во битолското село Добрушево, соопштија од МВР.
-На 31.12.2021 во 07.43 часот во Полициското одделение Новаци, Ј.М. пријавила дека во с.Добрушево, битоско, во текот на ноќта во помошна просторија настанал пожар во кој починал нејзиниот дедо А.М.(94). Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, информираат од полицијата.
По насока на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.