
Последователна трагедија го потресе фудбалскиот свет недели по смртта на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори и починатиот млад талент на француски Тур – Томас Родригез.
За разлика од Астори и Родригез кои починаа во сон, голгетерот на третата хрватска дивизија, Бруно Бобан почина на теренот во натпреварот помеѓу Марсонија Славонски Брод и Славонија Пожега.
Според медиумите во земјата, причина за смртта и силен удар со топка одблизу во градите на 25-годишниот напаѓач, кој падна на теренот малку подоцна.
Медицинската екипа се обидуваше да го реанимира Бобан во текот на 40 минути, но без успех. Причината за трагедијата се уште се разјаснува.