ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: Пожар во болница во Рим, најмалку 3 лица загинаа, околу 200 пациенти се евакуирани

од Vladimir Zorba
287 прегледи

Најмалку три лица загинаа во пожар во болницата Сан Џовани Евангелиста, во градот Тиволи во близина на Рим.

Се претпоставува дека две лица починале поради недостиг на кислород, а третото од срцев удар, пренесе Анса.

Околу 200 пациенти се евакуирани во други болници во Рим.

Обвинителството во Тиволи соопшти дека покренува истрага и нареди обдукција, а причината за пожарот ќе се знае по завршување на истрагата.

Според првите информации, пожарот избувнал во подрумските простории, а потоа се проширил во мртовечницата и оттаму на првиот кат од болницата.

Слични содржини