Трагедија во Крива Паланка: Сопружници загинаа во пожар

од Илинка Илиоска
105 прегледи

Сопружници на постара возраст загинаа во пожар во Крива Паланка. Телата на двете жртви се откриени по интервенција на противпожарната единица.

Повикот стигнал пред 9 часот, а бил пријавен пожар на спрат во семејна куќа во градот. Интервенирале две возила и 9 пожарникари, ни одговорија од надлежната служба.

По гаснењето на пожарот пронајдени се двете жртви.

Се врши увид на местото на трагедијата. Првични претпоставки се дека пожарот почнал 4 до 5 часа пред да биде пријавата односно уште во текот на ноќта.