Трагедија во Македонија: Малолетник загина на патот Охрид – Свети Наум

Малолетник загина по пад од мопед на излезот од Охрид

од Nikola Popovski
61 прегледи

Малолетник смртно настрада во сообраќајна несреќа што рано изутринава се случи на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, во близина на населбата Рача.

Според информациите од СВР – Охрид, незгодата се случила рано изутринава во 1:40 часот кога на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот „Парк“, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб.

Притоа малолетникот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Службата за итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил и сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, кој е префрлен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.