97
Како што соопшти струмичката полиција, во текот на вчерашниот ден загинал тракторист кој работел на својата нива.
На 04.10.2024 во 10:30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека Ж.Ј.(63) од село Муртино, струмичко, додека извршувал земјоделски работи со трактор во нива во место викано „Врловарник“, атар на село Муртино, со тракторот зафатил железна шипка од оранжеријата, која паднала и го повредила.
-Од здобиените повреди Ж.Ј. починал, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Струмица. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица, информираат од таму.