ТРАГЕДИЈА ВО ЊУЈОРК: Три мали деца пронајдени без свест, набрзо починале (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
212 прегледи

Трите деца, кои вчера рано наутро беа пронајдени без свест на брегот на островот Кони во Бруклин, починаа, а полицијата сега ја испрашува нивната мајка.

– Во моментов во локалната полициска станица се испрашува 30-годишна жена, за која се верува дека е мајка на 7-годишното момче, 4-годишното девојче и 3 и пол месечното девојче – изјави началникот на полицијата Кенет Кори.

Полицијата соопшти дека мајката не е приведена и дека истрагата се уште е во тек. Против неа се уште не е покренато обвинение, пишува Си-Ен-Ен.

– Врз основа на прелиминарните информации, нема индикации за претходно запоставување или злоупотреба. Не знаеме точно што се случи овде – изјави Кори.

Околу 1 часот и 40 минути полицијата добила пријава од член на семејството кој изразил загриженост дека некој од семејството ги повредил децата. Полицијата отишла во нивниот стан, но никој не одговорил на вратата.

Човек кој се претставил како татко на едно од децата се сретнал со официјални лица во зградата и им рекол дека и тој е загрижен за безбедноста на децата. Тој додаде дека верува дека мајката била со нив на прошетката на островот Кони. Полицијата потоа започнала пребарување на областа; пребарување на шеталиштето, плажата, локалните улици и болницата.

Потрагата траела околу 90 минути, додека полицајците по уште една дојава не ја пронашле жената на плажата Брајтон.

-Кога ја најдовме беше целосно мокра. Не е познато дали поради дождот или поради тоа што била во водата во близина на брегот. Децата не беа со неа, а по дополнително пребарување биле пронајдени неколку километри подалеку на брегот. Полицајците веднаш почнале да ги реанимираат децата, по што биле пренесени во болница и прогласени за мртви – изјави Кори.

Слични содржини