Трагедија во Охрид: Почина 7-месечно бебе во болница

од Nikola Popovski
347 прегледи

МВР информира дека рано утринава во 01.04 часот, во СВР Охрид било пријавено дека, во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, по извршен хируршки зафат, починало седуммесечно бебе од Вевчани, кое претходниот ден било донесено во болницата од неговата мајка.

Бебето, според пријавеното било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење, веднаш била извршена операција.

Според изјавата на неговата мајка, повредите настанале по пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани. По насока на Јавен обвинител, телото ќе биде пренесено до Судска медицина во Битола каде ќе се изврши обдукција.

-Се преземаат мерки за расветлување на настанот, потенцираат од Охридската полиција.

Слични содржини