Трагедија во Париз: Тренер ненадејно почина во Олимпиското село на првиот ден од Игрите

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Боксерскиот тренер на Самоа, Лионел Елика Фатупаито (60) почина од срцев удар во Олимпиското село, соопшти Олимписката асоцијација на Самоа (САСНОЦ).

Како што изјавија, ова е еден од нивните најдобри тренери.

– Лионел беше еден од најдобрите боксерски тренери на Самоа. Нашите мисли и мислите на целата спортска заедница на Самоа се со семејството, колегите и пријателите на Лионел. Многу ќе ни недостига – изјави Паула Талалелеи Пауга, претседател на Олимпискиот комитет на Самоа.

Како што се додава, Комитетот не сака да дава дополнителни изјави во оваа прилика.

– Самоанскиот комитет нема да дава дополнителни изјави и ќе побара да се почитува приватноста на семејството на Лионел и спортистите во овој тежок период.

Инаку, Самоа на овие Игри ја претставува само Ато Плоџицки-Гаоагали и тоа во тешка категорија, што значи дека најверојатно ќе му биде придружник Фатупаито.

Вкупно 24 спортисти ја претставуваат Самоа на Олимписките игри во Париз.

Слични содржини