Трагедија во прилепско: Лице почина по удар од гром

од Nikola Popovski
186 прегледи

Трагичен настан се случил вчера во прилепско откако загинал маж како последица од удар од гром. Како што јавуваат од ЦУК, во 17.39 часот била добиена пријава за починато лице за коешто јавувачот известил дека најверојатно е погодено од гром во с.Мажучиште, Општина Прилеп.

-За ова, од Секторот за операции и координација на ЦУК, веднаш биле известени во МВР и во Итната медицинска помош (ИМП) за понатамошна постапка. Според последната информација добиена од РЦУК Битола истите известиле до ЦУК дека лицето од село Мажучиште, Општина Прилеп било погодено од гром по што е пренесено во Итна медицинска помош во Прилеп и била констатирана неговата смрт, стои во соопштението на ЦУК.

Од УХМР информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Слични содржини