Трагедија во радовишко: Старец настрада при пожар

од Nikola Popovski
320 прегледи

Трагедија во радовишко, откако лице починало при пожар, информираа од МВР.

Според полицијата, во текот на вчерашниот ден во 16.44 часот во СВР Струмица било пријавено дека во село Конче, радовишко, настанал пожар во куќата на П.В.(52), при што починал неговиот татко В.В.(78).

-Пожарот бил изгаснат од жители на селото, а увид на местото извршиле Јавен обвиниотел од Основно јавно обвинителство Радовиш и екипа на ОВР Радовиш. Телото на починатиот било предадено на семејството, соопштија од полицијата.