Единаесет лица загинаа во пожар што избувна во раните утрински часови денеска во дом за стари лица во руската република Башкортостан, југозападно од Урал, соопшти Министерството за вонредни ситуации.
Прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека пожарот избувнал во 00:53 часот по локално време во приватен дом за стари лица.
Единаесет тела биле пронајдени на местото на несреќата, додека четири лица успеале да ја напуштат зградата, пренесува ТАС С.
Пожарот е изгаснат во 04:00 часот по локално време.
Невнимателно ракување со оган е причина за пожарот, како што покажуваат прелиминарните податоци, а истрагата за несреќата е во тек, соопшти прес-службата на Министерството за вонредни ситуации.