Трагедија во семејство Ѓерѓев: Двајца браќа починаа во рок од три дена од последици на Ковид-19

од Берта Китинска
363 прегледи

За само три дена почина двајца браќа, едниот на 26 годишна возраст, другиот кој почина денеска имал 21 година и двајцата имале хронична болест и биле позитивни на Ковид 19.

Браќата  Марјан и Горан Ѓерѓеви  биле згрижени во Кавадаречката болница, од каде итно биле препратени во Скопје на Инфективната клиника

„Ова е тажен ден за нашето Кавадарци. За жал денес изгубивме уште еден млад човек кој не успеа да се избори со оваа страшна пандемија. Пред два дена го изгубивме Марјан Ѓерѓев на 26 годишна возраст, денес почина и неговиот брат Горан Ѓерѓев на 21 годишна возраст. Трагедијата е огромна и нема зборови кои можат да дадат утеха на семејството Ѓерѓеви во овие моменти Заедно со Советот на Општина Кавадарци изразуваме длабоко сочувство до таткото на починатите братчиња и нивниот брат и поширокото семејство. Пандемијата однесе два човечки животи на двајца браќа во период од 3 дена, немоќни сме да се бориме и да дадеме утеха.Уште еднаш изразуваме длабоко сочувство и стоиме на располагање за помош на семејството кое е погодено од огромна трагедија.Да се чуваме сите и што поскоро да ги поминеме овие тешки денови“,  соопшти градоначалникот на градот, Митко Јанчев на својот Фејсбук профил.

 

Слични содржини