560
Во СВР Скопје е пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ вчера во 18 и 35 часот бил донесен 15-годишник од скопско, на кој му се слошило додека бил на базен на подрачјето на Карпош. По извршените обиди за реанимација му била констатирана смрт без видливи траги на насилство, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.