Трагедија во Скопје: Татко пријавил дека бебето не дише, итната помош констатирала смрт

од Radmila Tasevska

Денес во 05.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на Шуто Оризари има починато бебе.

Според пријавеното, откако таткото Џ.Р.(32) забележал дека бебето не дише, повикал екипа од Итна медицинска помош која констатирала смрт без видливи траги на насилство.

Полициски службеници излегле на местото, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Слични содржини