Трагедија во Скопје: „Ученик од Корчагин се самоубил непосредно по земање на свидетелството“

од Nikola Popovski
1,4K прегледи

Гимназијалец од скопското средното училиште „Раде Јовчевски-Корчагин“ си го одзел животот откако си ги земал оценките после завршената година, објави професорката од Институтот за физика Мимоза Ристова на социјалните мрежи.

Според професорката, ученикот ги земал оценките и си пресудил.

-Да се организира обука за професорите за да се научат како да се однесуваат со адолесцентите кај кои депресиите се покачени за огромен процент поради Ковид-пандемијата, се вели меѓу другото во објавата на Ристова.

Професорката во коментари под нејзината објава додава дека погребот се одржал денес и дека „точно кажал зошто се самоубил со времето на самубиството, непосредно по земање на свидителството“.

 

Слични содржини