202
МВР информира дека на 16.02 во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во куќа во село Нова Брезница, скопско.
Според полицијата, во пожарот починал Ѓ.Т.(82) од Скопје. По наредба на Jавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
При гаснење друг пожар во селото Сопиште, пак, повреден е еден пожарникар од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.
Како што соопшти МВР, во СВР Скопје било пријавено дека пожарот настанал во куќа сопственост на А.Д.(63), а тој бил изгаснат од скопските пожарникари.