ТРАГЕДИЈА ВО СРБИЈА: 8-месечно бебе починало од изгореници добиени додека пливало, ДЕТАЛИТЕ СЕ СТРАШНИ

од Vladimir Zorba

Според првите неофицијални информации, во неделата нешто по 20 часот С.Н. (25) го донела своето онесвестено дете со изгореници опасни по живот, пишува Блиц.

По повеќе од еден и пол часа обиди за реанимација и напорите на лекарите и медицинските сестри во Ургентниот центар, починало осуммесечното бебе.

Како што пишуваат српските медиуми, трагедијата најверојатно се случила кога четиригодишното момче во моментот на отсуство на мајка му од бањата пуштил топла вода на славината во кадата додека во неа била неговата осуммесечна сестра.

Трагедијата се случила во семејство со четири малолетни деца.

Истрагата за трагедијата е во тек.

Слични содржини