Трагедија во светот на спортот: Поранешен светски шампион почина на пат кон болница, убиецот избега

од Nikola Popovski
57 прегледи

Поранешниот колумбиски велосипедист Марлон Алирио Перез Аранго (48), некогашен светски јуниорски шампион на друмски трки, бил нападнат во четвртокот вечерта додека возел на улица во источна Антиокија. Според првите информации кои ги пренесе „Ел Колумбијано“, среде расправија, маж го прободел со нож во вратот, поради што Аранго подоцна починал во раните утрински часови.

Се уште не знаеме што ја предизвикало тепачката меѓу познатиот велосипедист и напаѓачот, кој побегнал од местото. Полицијата трага по убиецот и се надева дека наскоро ќе го најде, пишува „Ел Колумбијано“.

Персоналот на Брзата помош веднаш го префрлил Аранго во болницата Сан Хуан де Диос, каде што се обиделе да го оживеат, но тој веќе пристигнал без витални знаци поради сериозноста на повредите.

Најголемото достигнување на Колумбиецот беше победата на Тур Норд-Изер во Франција во 2000 година. Тој исто така ја освои Вуелта ал Вале дел Каука во 1999 година и Вуелта де ла Хувентуд и Колумбија ен Рута до 23 години во 1998 година.

На Џиро ди Италија учествуваше во 2004, 2005 и 2008 година, а првиот воедно му беше најдобар настап кога заврши на 39. место.

Учествувал и на Олимписките игри во Атланта во 1996 година, Сиднеј во 2000 година и Атина во 2004 година на друмска трка и хронометар.

Негови најдобри резултати беа 21. место во Сиднеј и 17. место во екипната категорија во Атланта.

Слични содржини