Трагедија во Тетовската болница – почина седумгодишно девојче

Девојчето од тетовското село Челопек било примено на Одделението за педијатрија во саботата во 20:40 часот, а починало во неделата

од Nikola Popovski
86 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Тетовската Клиничка болница информира дека во нивниот објект почина девојче на седум години кое било на болничко лекување во Клиничката болница Тетово. Девојчето од тетовското село Челопек било примено на Одделението за педијатрија во саботата во 20:40 часот, а почина во неделата.

– Пациентката беше примена на Одделението за педијатрија на датум 20.09.2025 во 20:40 часот навечер, и веднаш беа преземени сите неопходни мерки согласно важечките медицински протоколи со цел поставување на точна дијагноза. Од моментот на приемот, беа преземени сите потребни медицински мерки соодветни на нејзината здравствена состојба, вклучително и интензивна рехидратација, согласно професионалните и клинички насоки, информираат од Клиничка болница.

Со цел понатамошен третман, била побарана помош од Одделението за оториноларингологија (ОРЛ) за дополнителна интервенција.

– Била побарана помош од ОРЛ за аспирација на секрети од усната шуплина. За жал, за време на интервенцијата, пациентката не покажа знаци на реакција, по што беше итно префрлена на Одделението за анестезија, реанимација и интензивна нега, каде што беа преземени сите мерки за реанимација. И покрај максималните напори на медицинскиот тим, пациентката почина, соопштуваат од Клиничка болница Тетово.

Побарано е извршување на судско-медицинска обдукција.