Трагедија во Волково: Двајца починати, едно лице во болница

од Nikola Popovski
705 прегледи

Утринава во скопско Волково се случило пукање, при што починале две лица. Според полицијата, има и едно повредено лице кое завршило во болница.

Инцидентот настанал по расправија, која завршила со употреба на огнено оружје.

„Денеска (24.03.2025) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со повреди се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Како можен сторител на настанот се посочува М.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во полицискиот билтен на МВР.

Слични содржини