Трагедија во Катар: Почина навивач на Велс

од Nikola Popovski
284 прегледи

Фудбалската асоцијација на Велс потврди дека 62-годишен велшки навивач починал на Светското првенство чиј домаќин е Катар, пренесуваат дел од островските медиуми,

Констатирано е дека навивачот починал од природна смрт, а на првенството престојувал заедно со својот син. Познато е и дека во моментот на трагедијата велшкиот навивач не бил на стадионот на кој Велс беше поразен од Иран со 0:2, во второто коло од групата Б.

Велшката федерација изрази сочувство до семејството и пријателите и се стави на располагање на семејството, на кое помош му понуди и британскиот конзул.

Велс по одиграните два натпревари е последен во групата Б со нерешено (1:1 против САД) и пораз (0-2 од Иран), но сепак има шанса да помине. За тоа му треба победа во последното коло против Англија.

Слични содржини