199
Хермес Ален, коњ во косопственост на легендарниот фудбалски тренер, Алекс Фергусон, доживеал фатален пад на трка во саботата.
Хермес бил во тесна борба со идниот победник на трката Никл Бек, кога колабирал при финишот на трката. Според британските медиуми, ветеринарите дале се од себе, но за жал не можеле да го спасат.
Сер Алекс, познатиот менаџер на Манчестер Јунајтед, ја следел трката од трибините.
Фергусон беше менаџер на Јунајтед од 1986 до 2013 година и неговата љубов кон коњите и трките е добро позната.