Трагична несреќа: Се удави таткото на голманот на Ливерпул

од Stefanija Kuzmanovska

Во Ливерпул станува се помрачно и помрачно од ден на ден. Титулата со молскавична брзина им се лизга од рацете, а голем шок беше и трагичната вест дека таткото на Алисон Бекер се удавил.

Како што ги информираа медиумите во Бразил, таткото на голманот на Ливерпул се удави во езеро во близина на неговата куќа во Бразил.

Наводно, Хозе Бекер отишол да плива на насип во близина на неговата куќа во јужен Бразил. Кога не се вратил дома, во полиција било пријавено неговото исчезнување, а неговото безживотно тело го пронашла локалната полиција.

Исчезнувањето на 57-годишниот Хозе било пријавено во попладневните часови, а тој бил пронајден доцна вечерта, пренесуваат медиумите.

Како што е наведено, неговата смрт не се третира како сомнителна и нема сомнеж дека се случило нешто друго освен несреќа.

Слични содржини